а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

истрча

истрчаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Помине определено растојание со трчање.
Англиски: run Албански: vrapoj, ngaj
Примери:
Истрча пет километри без да застане.
2. Излезе некаде со трчање.
Англиски: run Албански: dal shpejt
Примери:
Истрча на улица, но тие веќе заминале.
3. (се истрча) Се раздвижи со трчање, потроши вишок енергија.
Англиски: run Албански: vrapoj
Употреба: Разговорно
Примери:
Децата играа фудбал, добро се истрчаа и вечерта брзо испозаспаа.
4. (се истрча) Избрза, направи или каже нешто предвреме, необмислено.
Албански: shpejtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Кога виде дека сите се смејат, сфати дека се истрча и дека подобро ќе беше да не кажеше ништо.
Изведенки
1. истрчува несв.
(се) истрчуваат
2. истрчување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи