а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

истресе

истресат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со тресење исчисти од прав.
Англиски: shake Албански: tund
Примери:
Го истресе килимот.
2. Испразни до крај со тресење.
Англиски: pour out Албански: zbraz
Примери:
Ги истресе џебовите.
Ја истресе чантата.
3. Заниша гранка, дрво, за да паднат сите плодови или лисје.
Англиски: shake Албански: tund
Примери:
Се поткрена на прсти и ја истресе гранката.
4. Каже нешто неумесно, непромислено.
Англиски: drop Албански: tha
Употреба: Разговорно
Примери:
Ова го истресе од ракав.
Истресе многу глупости за кусо време.
5. (се истресе) Се исчисти од нешто со тресење.
Англиски: brush off Албански: fshij
Примери:
Полека стана, се истресе и продолжи понатаму.
6. (се истресе) Дојде ненајавен, се појави неочекувано.
Англиски: drop Албански: erdh
Употреба: Преносно значење
Изведенки
1. истресува несв.
(се) истресуваат
2. истресување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи