а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

историја

мн. истории
Вид збор: Именка, женски род
1. (едн.) Минатото во неговиот непрекинат тек и развиток.
Англиски: history Албански: histori
Примери:
национална историја
подалечна историја
2. (едн.) Наука што го проучува минатото; проучување на минатото.
Англиски: history Албански: histori
3. наставен предмет
Англиски: history Албански: histori
Употреба: Образование , Разговорно
Примери:
Историја за петто одделение.
4. Учебник по тој предмет.
Албански: libër historie
Употреба: Образование , Разговорно
5. Развоен пат, тек на нешто, долго приказна за некој настан.
Англиски: story Албански: tregim
Примери:
Оваа фотографија си има своја историја.
Тоа е цела историја, не можам сега да ти раскажувам за тоа.
Изрази
Жива историја - човек што е современик и учесник во многу историски настани, што ги памети и многу раскажува за нив.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи