а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

исполни

исполнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи нешто да биде полно, пополни празен простор.
Англиски: fill Албански: mbush
Примери:
Студентите сосема ја исполнија салата.
2. Пополни целосно образец, прашалник и сл.
Англиски: fill Албански: plotësoj
3. Изврши, заврши некаква задача, обврска и сл.
Англиски: fulfill Албански: plotësoj
Примери:
Ги исполнив сите задачи што ми ги дадовте.
4. Оствари, задоволи барање, желба, очекување, услов и сл.
Англиски: fulfill Албански: përmbush
Примери:
Ми ја исполни желбата.
Тој не ги исполни моите очекувања.
5. Изведе на сцена.
Англиски: perform Албански: performoj
Примери:
Песната ќе ја исполни еден од нашите најпознати пејачи.
6. (се исполни) Се оствари.
Англиски: realize Албански: realizohet
Примери:
Неговите стравови се исполнија.
Ми се исполнија надежите.
7. (се исполни) Доживее силни чувства.
Англиски: fill Албански: plotësoj, përmbush
Примери:
Срцето ми се исполни со радост.
Изведенки
1. исполнува несв.
исполнуваат
2. исполнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи