а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

исповеда

исповедаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. За духовно лице - ислуша нечија исповед и даде простување на гревот.
Англиски: confess Албански: rrëfej
Употреба: Црковен термин
Примери:
Дојде попот и го исповеда.
2. Признае нешто, открие тајна пред некого.
Англиски: confess Албански: rrëfej
Примери:
Дојдов да ја исповедам тајната што ја криев долго време.
3. Има некоја вера, е верник.
Англиски: confess Албански: rrëfej
Употреба: Религија
Примери:
Која вера исповедаш?
4. (се исповеда) Признае гревови пред свештеник.
Англиски: confess Албански: rrëfej
Употреба: Црковен термин
Примери:
Тој не сакаше да се исповеда.
5. (се исповеда) Признае нешто искрено.
Англиски: confess Албански: pranoj
Примери:
Синот ѝ се исповеда на мајката.
Изведенки
1. исповедува несв.
(се) исповедуваат
2. исповедување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи