а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

исплива

испливаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Излезе на површината на водата пливајќи.
Англиски: swim Албански: notoj
Примери:
Падна од голема височина и едвај исплива на површината.
2. Преплива нешто.
Англиски: swim Албански: notoj
Употреба: Спорт
Примери:
Денес испливав три километри.
Исплива на другиот брег.
3. Излезе, се извлече од некој проблем, се спаси.
Англиски: rescue Албански: shpëtoj, doli nga uji
Употреба: Преносно значење
Изведенки
1. испливува несв.
испливуваат
2. испливување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи