а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

исплаче

исплачат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Излее, преточи чувство во солзи.
Англиски: weep Албански: qaj
Примери:
Ја исплака сета тага што ја носеше во себе со години.
2. Изжали, истажи некого.
Англиски: mourn Албански: vajtoj
Примери:
Го исплакаа уште пред да дознаат што се случило.
3. Спонтано престане да плаче, остане без солзи од многу плачење.
Англиски: cry out Албански: qan
Примери:
Веќе не плачеше, ги исплака сите солзи.
4. (се исплаче) Спонтано престане да плаче.
Англиски: stop crying Албански: ndal së qarit
Примери:
Остави ја нека се исплаче.
5. (се исплаче) Раскаже некому за своите проблеми, се изжали пред некого.
Англиски: lament Албански: pikëllim
Примери:
Таа немаше пред кого да се исплаче.
Изрази
Ги исплака очите - многу плачеше.
Изведенки
1. исплакува несв.
(се) исплакуваат
2. исплакување ср.
глаг. им.
3. исплачува несв.
(се) исплачуваат
4. исплачување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи