а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

испика

испикаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Пикне, втера едно или многу нешта со напор, со притисок.
Англиски: stuff Албански: mbush
Примери:
Го испика цело ќебе во едно ранче.
2. Зафрли нешто, стави на несоодветно место.
Англиски: mislay Албански: vë jo në vend
Примери:
Не знам каде ги испикала чорапите.
3. Намести некого (обично незаслужено, нерегуларно) на висока општествена положба, на работно место и сл.
Англиски: push Албански: fut në kurth
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Го испика и брат му таму да работи.
4. (се испика) Влезе со напор некаде.
Англиски: stuff Албански: hyri
Примери:
Не знам како се испика толку народ во една соба.
5. Се пробие на добра служба, на добро работно место.
Англиски: advance Албански: avansoj
Примери:
Се испикаа сите по разни министерства.
Изведенки
1. испикува несв.
(се) испикуваат
2. испикување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи