а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

испие

испијат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Пиејќи земе течност до крај, испразни нешто (чаша, сад).
Англиски: drink up Албански: pij
Примери:
Го испи сокот до последна капка.
Испија по една чаша вино.
2. Впие, прими течност.
Англиски: soak in Албански: pij, thithë
Примери:
Сувата земја жедно го испи малото поточе.
Жегата им ги испила соковите на фиданките и ги исушила.
3. За тутун - испуши.
Англиски: smoke up Албански: pij
Употреба: Разговорно
Изрази
Крвта му ја испи - измачи некого со лоши постапки.
Чавките умот му го испиле - изгуби памет.
Го испи со поглед - постојано некого гледа, следи со поглед.
Испие горчлива чаша - помине низ големо искушение, преброди голема тешкотија.
Изведенки
1. испива несв.
испиваат
2. испивање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи