а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

испече

испечат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Приготви јадење со печење.
Англиски: broil Албански: zihet
Примери:
Го испече пилето и нѐ повика на ручек.
2. Подложи нешто на печење при изработката, пред употреба.
Англиски: bake Албански: pjek
Примери:
Испече глинени садови.
Испече тули.
Испече кафе.
3. Изложи на силно сонце.
Англиски: burn Албански: djeg
Употреба: Преносно значење
Примери:
Си ги испече нозете на сонце.
Нѐ испече сонцето.
4. Совлада, добро научи (занает, туѓ јазик итн.).
Англиски: know Албански: njoh
Примери:
Добро си го испекол занаетот.
5. (се испече) Добие изгореници (од оган, од сонце).
Англиски: burn Албански: djeg
Изведенки
1. испечува несв.
(се) испечуваат
2. испекува несв.
(се) испекуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи