а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

искра

мн. искри
Вид збор: Именка, женски род
1. Многу ситна светкава или усвитена честичка што се изделува од нешто што гори или при удар на тврди тела.
Англиски: spark Албански: xixë, shkëndijë
Примери:
Од ковачницата вивнаа искри и за миг пламна целиот крај.
2. Ситна честица што блеска при силно осветлување; одблесок.
Англиски: spark Албански: xixë, shkëndijë
Примери:
Прстенот како да фрлаше ситни искри на сонцето.
3. Мал, ситен дел од нешто, трага од некое чувство и сл.
Англиски: spark Албански: xixë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сѐ уште не исчезнуваше таа искра надеж во мене.
Таков е животот - темница на маки и несреќи, со ретки искри на радост.
Изрази
Од искра - пламен - мал незначаен повод за голема караница.
Искри фрла (му излегуваат) од очите - многу е лут.
Изведенки
1. искриче ср.
мн. искричиња
дем. и хип.
2. искричка ж.
мн. искрички
дем. и хип.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи