а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

искилави

искилават
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи некого да биде килав.
Албански: dëkuem
Примери:
Го искилавивте добитокот со тој товар.
2. (се искилави) Добие кила, стане килав.
Англиски: get hernia Албански: dëkuem
Употреба: Медицина
3. (се искилави) Се премори, се сотре од голем напор.
Англиски: exhaust Албански: rraskapitem
Употреба: Иронично , Преносно значење , Разговорно
Примери:
Ние се искилавивме од работа, а вие ни да прашате како сме.
Изведенки
1. искилавува несв.
(се) искилавуваат
2. искилавување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи