а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

искаже

искажат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Каже, изрази со зборови мисла, идеја, впечаток и сл.
Англиски: state Албански: deklaroj, shprehem
Примери:
Го искажа отворено своето мислење за нивната активност.
2. Каже, соопшти се што треба, што има да каже.
Англиски: tell Албански: tregoj
Примери:
Знаеше дека сѐ ќе ѝ искаже нејзе и затоа ѝ беше страв.
3. (се искаже) Каже, изрече, изрази своја мисла во однос на некој проблем, се произнесе.
Англиски: state Албански: shpreh, prononcoj
Примери:
За ова прашање никој досега не се искажал.
Чувствуваше потреба да се искаже пред него.
Изведенки
1. искажува несв.
(се) искажуваат
2. искажување ср.
мн. искажувања
глаг. им.
Пример: Во неговите искажувања имаше многу фантазија.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи