а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

инфилтрација

мн. инфилтрации
Вид збор: Именка, женски род
1. Навлегување, вовлекување, продирање во нешто.
Англиски: infiltration Албански: infiltrim
Примери:
Инфилтрација на нови зборови во јазикот.
2. Незабележано навлегување во туѓа територија, во средината на противникот.
Англиски: infiltration Албански: infiltrim
Употреба: Воен термин
3. Навлегување на разни хемиски елементи или хемиски материи во ткивата на органите.
Англиски: infiltration Албански: infiltrim
Употреба: Медицина
FlexiMac
 менување на македонски глаголи