а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

интимен

интимниот
Вид збор: Придавка
1. Што е длабоко личен, внатрешен.
Англиски: intimate Албански: intim
Примери:
интимни чувства
2. Што не се покажува во јавност.
Англиски: private Албански: intim, privat
Примери:
Вашиот интимен живот стана предмет на интерес во јавноста.
3. Што се однесува на љубовните односи.
Англиски: intimate Албански: intime
Примери:
интимна врска
4. Што е пријателски, близок.
Англиски: confidential Албански: intim
Примери:
интимен пријател
5. Што се однесува само на близок круг пријатели, познаници.
Англиски: intimate Албански: intim
Примери:
интимна атмосфера
интимна свеченост
интимна прослава
Изведенки
1. интимно прил.
Пример: Интимно верував во бесмртноста на душата.
2. интимност ж.
Особеност на она што е интимно.
Пример: Ја нема повеќе онаа доверба и интимност меѓу нас.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи