а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

инструмент

мн. инструменти
Вид збор: Именка, машки род
1. Предмет или механизам со кој се произведуваат музички тонови.
Англиски: instrument Албански: instrument
Употреба: Музика и танц
Примери:
дувачки инструмент
жичен инструмент
2. направа, орудие, алат
Англиски: equipment Албански: paisje
Употреба: Технологија
Примери:
Операцијата беше успешно извршена со најпрецизни хируршки инструменти.
3. Документ или пропис што има правно дејство.
Англиски: act Албански: akt
Употреба: Административен термин
4. Средство за постигнување некаква цел.
Англиски: mean Албански: instrument, mjet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја користеше песната како инструмент за надминување на тагата.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи