а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

инстинкт

мн. инстинкти
Вид збор: Именка, машки род
1. Природна побуда својствена за единката како припадник на определен животински вид да се води од барањата на организмот за обезбедување на физиолошкото одржување, за одбраната на интегритетот и за продолжување на видот.
Англиски: instinct Албански: instinkt
Примери:
Инстинкт за опстанок.
Родителски инстинкт.
Инстинкт на загрозеност.
2. Вродена способност на човекот за несвесна реакција; внатрешно чувство.
Англиски: intuition Албански: intuicion
Примери:
Инстинктот и велеше да го напушти тоа место.
Инстинктот не го излага.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи