а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

индикатор

мн. индикатори
Вид збор: Именка, машки род
1. показател
Англиски: indicator Албански: indikator, tregues
Примери:
Расположението на граѓаните е основен индикатор на ситуацијата во земјава.
2. Апарат, инструмент што покажува или регистрира промена на состојбата во некоја појава.
Англиски: indicating device Албански: indikator
Употреба: Технологија
3. Супстанција којашто ставена во раствор ја менува бојата во зависност од хемиската реакција што се одвива во моментот.
Англиски: litmus Албански: lakmus
Употреба: Хемија
4. Радиоактивни материи што служат за следење на промените на материите во човечкиот организам.
Англиски: indicator Албански: indikatorë
Употреба: Медицина
5. Материјали кои под дејство на некое нуклеарно зрачење стануваат радиоактивни.
Англиски: indicator Албански: indikatorë
Употреба: Физика
FlexiMac
 менување на македонски глаголи