а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

имела

имелата
Вид збор: Именка, женски род
Полупаразит со жолтозелени цветови и бели плодови кај широколисните и иглолисните дрвја.
Латински: Viscum Англиски: mistletoe Албански: vishtull
Употреба: Ботаника
Изрази
Бела имела - полупаразит со вечнозелени лисја и бели плодови со лепливо семе што вирее кај широколисните и кај иглолисните дрвја, а во народната медицина се користи за намалување на крвниот притисок. (Viscum album)
Црна имела - полупаразит со жолтозелени цветови присутен кај дабот и кај костенот. (Zoranthus europaeus)
Имела ме фати - несвестица, вртоглавица.
(клетва) Имела го фркнала (удрила)!
Изведенки
имел м.
имелот
FlexiMac
 менување на македонски глаголи