а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

из

Вид збор: Префикс
1. Претставка за образување глаголи со значење: Управеност на дејството надвор или нагоре, според значењето на основниот глагол, од некое место, издвојување од некоја средина.
Примери:
избега, извади, извлече
изгони, излее, излета
ископа (од некаде), истера
2. Претставка за образување глаголи со значење: Полно извршување на глаголското дејство, доведување до резултат.
Примери:
избрише, извежба, изгасне
издроби, измие, изора
изрони, искине, испреде
истреби, истриже, исчита
3. Претставка за образување глаголи со значење: Извршување на дејството во голема мера, темелно.
Примери:
извари, извиди, изгледа
излепи, измеси, испраша
испроба, истокми
4. Претставка за образување глаголи со значење: Дејство што опфаќа повеќе објекти или субјекти.
Примери:
избакне, изгине, изгости
издави, излови, изроди
изумре, исколе, истепа
FlexiMac
 менување на македонски глаголи