а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

израсипе

израсипат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Расипе нешто сосема, расипе повеќе предмети, расипе сѐ што можело да се расипе.
Англиски: mess up Албански: prish
Примери:
Мајсторот ги израсипа сите апарати наместо да ги поправи.
2. Расипе во морална смисла повеќемина.
Англиски: spoil Албански: prish, dëmtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа ги израсипа децата со своето однесување.
3. (се израсипе) Престане да работи.
Англиски: break down Албански: prish
Примери:
Во халата сите машини се израсипале.
4. (се израсипе) Се расипе во морална смисла.
Англиски: spoil Албански: prishem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се израсипале гледајќи лоши филмови.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи