а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

израз

мн. изрази
Вид збор: Именка, машки род
1. Надворешен изглед на нешто (на очи, лице), изразување чувства.
Англиски: expression Албански: çehre, shprehja e fytyrës
Примери:
Имаше чуден израз на лицето.
израз на страв
2. Надворешна манифестација на некој процес, состојба, дејство; начин на изразување нешто.
Англиски: expression Албански: shprehje
Примери:
Штрајкот е израз на незадоволството на работниците од управата.
3. Стил на искажување во уметноста, литературата и сл.
Англиски: expression Албански: shprehje
Примери:
концизен израз
лирски израз
4. Состав од зборови со кои нешто се искажува.
Англиски: expression Албански: shprehje
Употреба: Лингвистика
Примери:
фразеолошки израз
прилошки израз за место
5. формула, равенство
Англиски: equation Албански: formulë, barazim
Употреба: Математика
Примери:
алгебарски израз
Изрази
Дојде до израз - се изрази целосно, до крај.
Израз на благодарност/почитување - при учтиво обраќање, како израз на благодарност, почитување и сл.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи