а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изработка

мн. изработки
Вид збор: Именка, женски род
1. (само едн.) Процес на работа на некаков производ, на некаков предмет; изработување.
Англиски: production Албански: punim, ndërtim
Употреба: Економија
Примери:
Изработка на домашни ракотворби.
Изработка на машка и женска конфекција.
2. (само едн.) Квалитет на изработување на одреден производ.
Англиски: work Албански: punim
Употреба: Економија
Примери:
Изгледа како рачна изработка.
Совршена изработка.
Квалитетна изработка.
3. (мн.) Одделен производ, резултат од изработување на нешто.
Англиски: product Албански: punime, produkte
Употреба: Економија
Примери:
Железарски изработки.
На пазарите во Европа се пласираа нашите кожарски изработки.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи