а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изолација

(едн.) изолацијата
Вид збор: Именка, женски род
1. Одвојување од околината, спречување на секаков контакт со определена средина.
Англиски: isolation Албански: izolim
Примери:
Последните години од својот живот тој ги помина во целосна изолација од надворешниот свет.
2. Спречување, забрана на секаков контакт со општествената средина поради лишување од слобода.
Англиски: banishment Албански: izolim, dëbim
Употреба: Правда
Примери:
Тој беше осуден на изолација на островите.
3. Одвојување на болните од здравите без можност за контакт (во случај од заразни болести или епидемија).
Англиски: quarantine Албански: karantinë
Употреба: Медицина
4. 3аштита од дејство на електрична струја со помош на изолатор; вградување изолациски материјал за да се спречи загуба на енергија, дејство на влага и на други надворешни влијанија.
Англиски: insulation Албански: izolim, veçim
Употреба: Технологија
Примери:
електрична изолација, топлотна изолација
звучна изолација
5. Предмети или материјали што служат за изолирање, спречување продор на нешто во некоја средина.
Англиски: insulation Албански: izolim
Употреба: Технологија
Примери:
Изолацијата на замрзнувачот попуштила.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи