а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изневери

изневерат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Прекрши, погази даден збор, обврска, не исполни тоа што се очекува.
Англиски: deceive Албански: tradhtoj
Примери:
Тој ги изневери своите другари кои многу очекуваа од него.
2. Прекрши, погази верност во односите меѓу мажот и жената.
Англиски: be unfaithful Албански: tradhtoj
Примери:
Тој со години ја изневерувал жената.
3. Не оправда доверба, надеж, очекување и сл.
Англиски: disappoint Албански: nuk përmbush premtimet
Примери:
И оваа влада ги изневери нашите очекувања.
Девојката ја изневери неговата доверба.
4. Престане да служи, откаже.
Англиски: let down Албански: lë, dështoj
Примери:
Ме изневери видот.
Ако не ме изневереше колата, ќе стигнев навреме.
Изведенки
1. изневерува несв.
изневеруваат
2. изневерување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи