а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

измисли

измислат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Открие, создаде нешто ново.
Англиски: discover Албански: zbuloj, shpik
Примери:
Група научници измислија нова вакцина против оваа болест.
Џејмс Ват ја измисли парната локомотива.
2. Создаде во свеста, во фантазијата нешто што не постои; смисли лага, невистина.
Англиски: invent Албански: shpik, zbuloj
Примери:
Тој измисли дека девојката била сама в кино.
Детето измисли нова лага.
Гавро измисли дека со свои очи ги видел делфините.
Изведенки
1. измислува несв.
измислуваат
2. измислување ср.
мн. измислувања
глаг. им.
Пример: На неговите измислувања им немаше крај.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи