а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

измие

измијат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со вода отстрани нечистотија од нешто (раце, лице, садови).
Англиски: wash Албански: laj, pastroj
Примери:
Си ги изми рацете.
Сестрата го изми болниот со млака вода.
Девојчето ги изми садовите.
Дождот ги изми улиците.
2. Се измие, си исчисти со вода.
Англиски: wash Албански: laj, pastroj
Примери:
Децата станаа и се измија на чешмата.
Изрази
Измие раце од некоја работа - отфрли одговорност за нешто.
Изведенки
1. измива несв.
измиваат
2. измивање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи