а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

измени

изменат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи да биде поинаков.
Англиски: change Албански: ndryshoj
Примери:
Тие го изменија распоредот на мебелот во дневната соба.
Професорот го измени ланскиот распоред на часови.
Втората светска војна ја измени политичката карта на светот.
2. Смени, замени со друг, таков или поинаков.
Англиски: exchange Албански: ndërrim
Примери:
Режисерот им ги измени имињата на главните лица од мојата пиеса.
Таа измени неколку бои на нараквицата што ја плетеше, но ниедна од нив не ја задоволи.
3. (се измени) Стане поинаков.
Англиски: change Албански: ndryshim
Примери:
Тој се измени по последните настани.
По војната се изменија условите на животот.
Изведенки
1. изменува несв.
изменуваат
2. изменување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи