а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

излупи

излупат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со лупење, симне, отстрани лушпа, кора на нешто.
Англиски: peel Албански: qëron
Примери:
Излупете ги компирите и исечете ги на тенки парчиња.
Мајмунчето со забите ја излупи бананата.
Бабата го излупи јаболкото.
2. (се излупи) Падне, се распадне кора или танок слој од нешто.
Англиски: peel off Албански: bie lëkura, qërohet
Примери:
Бојата од ѕидот се излупи.
По интензивното сончање кожата ми се излупи.
Изведенки
излупува несв.
излупуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи