а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изложи

изложат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Постави, изнесе на показ, на гледање.
Англиски: exhibit Албански: ekspozoj
Примери:
Прилепската фабрика изложи на саемот нови видови цигари.
Некои сликари ги изложија своите слики на градскиот плоштад.
2. Се искаже, изнесе, објасни.
Англиски: explain Албански: sqaroj, shpjegoj
Примери:
Комисијата го изложи својот предлог пред директорот.
Командантот му го изложи планот за напад на градот на одредот.
3. Стави во неповолна положба.
Англиски: submit Албански: nënshtroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Вие ги изложивте и луѓето и коњите на студ и мраз.
4. (се изложи) Се стави во неповолна положба.
Англиски: submit Албански: nënshtrohem
Примери:
Ние непотребно се изложивме на непријателски оган.
Докторот несвесно се изложи на голем ризик.
Изведенки
1. изложува несв.
изложуваат
2. изложување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи