а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

излив

мн. изливи
Вид збор: Именка, машки род
1. Ненадејно изливање на течност од местото каде што била претходно.
Англиски: spill Албански: derdhje
Примери:
Ненадејниот излив на реките од речните корита доведе до поплави на полињата под житни култури.
2. Нагло изливање на секрет или друга течност на жив организам, крв, жолчка и сл.
Англиски: hemorrhage Албански: hemorragji, shpërthim
Употреба: Медицина
Примери:
Излив на крв во мозокот.
3. Наплив на чувства.
Англиски: spill Албански: shpërthim, përmbytje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Излив на патриотски чувства.
Излив на болка се чувствува во целата песна.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи