а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

излее

излеат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Истури течност од сад, направи да претекува.
Англиски: pour Албански: derdh
Примери:
Тој излеа едно шише бензин на суровите дрва и ги запали.
Жената ја излеа валканата вода од кофата.
2. Направи, измоделира од топен метал и сл.
Англиски: cast Албански: bëri
Употреба: Технологија
Примери:
Првите топови произведени во нашата земја ги излеаја работниците на оваа фабрика.
Тој излеваше разни фигури од восок и ги продаваше низ градот.
3. Им дава слободен замав или израз на своите чувства, расположби и сл.
Англиски: spill Албански: derdh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Поетот ја излеа својата љубов кон саканата во песна.
Окупаторот го излеа својот бес на недолжното население.
4. За светлосен извор: месечина, сонце - рашири светлина.
Англиски: spill Албански: hapërdaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Месечината ја излеала својата светлина по улиците на градот.
5. (се излее) За воден тек (река) - излезе од коритото.
Англиски: overflow Албански: del
Примери:
Од силните дождови, реката се излеа на неколку места.
6. (се излее) За течна маса во сад - се пролее.
Англиски: spill Албански: derdh
Примери:
Од трускањето на колата по ископаниот пат, ширата се излеа од бурилото.
Изведенки
1. излева несв.
излеваат
2. излевање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи