а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

издува

издуваат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Со дување исчисти, прочисти нешто: нос, славина, чеп; чибук, луле и сл.
Англиски: blow Албански: fryn
Примери:
Го издува носот.
2. Со силата на воздухот, ветерот исфрли, помести нешто.
Англиски: blow away Албански: fryn
Примери:
Ветерот ја издува пепелта од мастилницата.
Ветрот ги издува облаците и донесе убаво време.
3. (се издува) Изживее, надмине некој стадиум во развојот.
Албански: ripërjetoj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Нека се издува, нека се истрча.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи