а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

издржи

издржат
Вид збор: Глагол, свршен
1. истрпи, поднесе
Англиски: endure Албански: duroj, qëndroj
Примери:
Болниот ја издржа операцијата.
Пливачот издржа две минути под вода.
Дали ќе издржам, дали ќе успеам?
2. се совлада
Англиски: restrain Албански: duroj
Примери:
Тој не издржа да не викне (да не се насмее, да не стане од креветот).
3. Докрепи, се држи да остане неоштетен.
Англиски: bear Албански: duroj, rezistoj, mbaj
Примери:
Покривот не ја издржа тежината на снегот.
Насипот ја издржа стихијата на дотечената река.
4. Се одржи, задоволи определени барања, критериуми.
Англиски: stand Албански: qëndroj
Примери:
Неговиот прв роман не ја издржа критиката.
Машините не ја издржаа пробата.
5. Придржи мало дете при вршење нужда.
Англиски: hold Албански: mbaj
Примери:
Мајката го издржа детето.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи