а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

издвои

издвојат; издвој, издвојте; издвоив, издвоија; издвоил; (ќе) издвоев, (ќе) издвоеја; (ќе) издвоел; издвоен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4826
1. Двои нешто настрана, одделно од другите, од целината.
Англиски: separate Албански: ndaj
Примери:
Полицаецот издвои двајца од патниците.
2. Разграничи, оддели по класи, групи.
Англиски: divide Албански: përçaj
Примери:
Авторот издвоил две основни групи елементи.
3. (се издвои) Се дели, се двои од целината.
Англиски: separate Албански: ndaj
Примери:
Тој се издвои од групата уште кога бевме кај пазарот.
Изведенки
1. издвојува несв.
(се) издвојуваат
2. издвојување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК