а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изгребе

изгребат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Оштети со гребење до крај, целосно издраска.
Англиски: scratch Албански: gërvish
Примери:
Ја изгреба тепсијата триејќи ја со остар предмет.
Мачката го изгреба по лицето и рацете.
2. Иструже, отстрани со гребење.
Англиски: scratch Албански: gërvish, heq
Примери:
Ги изгреба сите котли и тепсии и им ги даде манџите на гостите.
3. Вреже со гребење.
Англиски: carve Албански: gdhend
Примери:
Во клупата го изгреба нејзиното име.
4. (се изгребе) се издраска
Англиски: scratch Албански: gërvishem
Примери:
Се изгреба берејќи капини.
Изведенки
изгребува несв.
(се) изгребуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи