а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изглед

мн. изгледи
Вид збор: Именка, машки род
1. Тоа што се гледа однадвор, надворешен лик, одраз на нешто.
Англиски: appearance Албански: dukje, pamje
Примери:
Таа внимаваше на својот изглед.
Надворешниот изглед на куќата ги задоволи купувачите.
2. (обично во мн.) Очекување, надеж дека нешто ќе се случи.
Англиски: outlook Албански: gjasa
Примери:
Има реални изгледи состанокот да се одржи в четврток.
Изрази
На изглед - како што се чини, според надворешноста.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи