а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изгаси

изгасат
Вид збор: Глагол, свршен
1. За оган, светлина - направи нешто да престане да гори или да свети.
Англиски: extinguish Албански: shuaj
Примери:
Огнот одамна изгаси.
Ветрот одамна ја изгаси свеќата.
2. Добие гасена вар целосно.
Англиски: slake Албански: shfrej
Примери:
Изгасивме вар за малтерисување.
3. (се изгаси) Престане да гори или да свети.
Англиски: extinguish Албански: shuaj
Примери:
Огнот се изгаси.
Светилките се изгасија една по една.
Изведенки
изгасува несв.
(се) изгасуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи