а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изврти

извртат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Сврти нагло, во сосема друг правец, на друга страна.
Англиски: turn Албански: kthej
Примери:
Силниот ветер ги изврти ластунките на бостањето.
Тој ги изврте и ги разгледа сите фотографии што беа на масата.
2. Сврти од нормалната положба во еден или друг правец.
Англиски: twist Албански: kthej
Примери:
Полицаецот му ја изврти раката на момчето.
Тој ја изврте главата за да го избегне ударот.
3. Преврти на обратната страна.
Англиски: turn Албански: kthej
Примери:
Ги изврте џебовите.
Ги изврте јагнешките цревца за да ги измие.
4. Обиколи, направи кружно движење, повеќе пати.
Англиски: circle Албански: rrotullon
Примери:
Песот изврти околу нас неколку пати.
Рингишпилот така ме изврти што кога се симнав, не знаев каде се наоѓам.
5. Со вртење на некаква алатка направи дупки, издупи, извади нешто.
Англиски: cut out Албански: heq
Примери:
Со ножот ги изврте семките од пиперките.
6. Изопачи, искриви факт, смисла.
Англиски: distort Албански: shtrembëroj
Примери:
Новинарите ги извртеле моите зборови.
7. (се изврти) Се сврти околу нешто.
Англиски: circle Албански: rotullon
Примери:
Сите се извртеа околу црквата двапати со иконата пред нив.
8. (се изврти) Се насочи на некоја страна, се сврти менувајќи ја првобитната положба.
Англиски: bend Албански: përkulem
Примери:
Сончогледите се извртеле накај сонцето.
Се изврте на грб.
Тој се изврте на една страна и дури тогаш успеа да го види лицето на другиот во собата.
9. (се изврти) Се измести од нормална положба, се искриви.
Албански: përkul
Примери:
На сонцето долгите мешунки се извртеа и се отворија.
10. (се изврти) Се нафрли на некого со зборови или со удари.
Албански: vërsul
Употреба: Преносно значење
Примери:
Му се изврте по грб со стапот на крадецот.
11. (се изврти) Паѓа од високо со вртење.
Албански: bie
Употреба: Преносно значење
Примери:
Девојката се извртела од високиот чардак.
Изведенки
1. извртува несв.
(се) извртуваат
2. извртување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи