а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

извор

мн. извори
Вид збор: Именка, машки род
1. Место од каде што извира вода или нафта.
Англиски: spring Албански: burim
Употреба: Географија
Примери:
На изворот ручавме и се напивме вода.
Изворот на реката се наоѓа горе во планината.
Тука има многу извори на минерална вода.
2. Место, тело, апарат од каде излегува топлотна или светлосна енергија.
Англиски: source
Примери:
Светлосен извор.
Извор на топлина.
3. Основа, причина за некоја појава.
Англиски: cause
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неработењето е извор на сите несреќи.
Изворот на заразата.
Извор на среќа.
4. Документ, творба од која се зема материјал за научни и други проучувања.
Англиски: original
Примери:
Историски извори.
Литературни извори.
Етнографски извори.
Изрази
На изворот - на вистинското место.
Изведенки
1. изворец ср.
(едн.)
дем.
2. изворче ср.
мн. изворчиња
дем.
3. изворски прид.
изворскиот
Што се однесува на извор.
Пример: Изворска вода.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи