а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

извиши

извишат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Израсте во височина.
Англиски: grow Албански: rrit
Примери:
Брезите извишија многу брзо.
2. Се крене, се издигне високо над површината на земјата.
Англиски: rise Албански: çohem
Примери:
Гулабите извишија над покривите на куќите.
3. Прави да се крене, да се издигне високо над површината на земјата.
Англиски: rise Албански: çohem
Примери:
Орелот го извиши јагнето над карпите и го пушти.
Мојот сосед ги извиши гулабите.
4. (се извиши) Стане висок, порасне.
Англиски: grow Албански: rrit
Примери:
Момчињата се извишија наеднаш, заличија на мажи.
По дождот, житата се извишија.
5. (се извиши) Се крене, се издигне високо.
Албански: çohet
Примери:
Авионот се извиши над облаците.
6. (се извиши) Се издига високо, повисоко од околината.
Албански: çohet
Примери:
Тврдината се извишила над езерото.
Сонцето се извишило одвај еден остен.
Изведенки
1. извишува несв.
извишуваат
2. извишување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи