а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

извитка

извиткаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Витка нешто до крај, целосно.
Англиски: twist Албански: dredh
Примери:
Ги извитка шипките за оградата.
2. Замота многу, претерано.
Англиски: wrap up Албански: mbështjell
Примери:
Ги извитка чашите во весник да не се скршат.
3. (се извитка) Се свива, се криви.
Англиски: bend Албански: përkulem
Примери:
Полиците со книги се извиткале од многу тежина.
Русата коса му се извиткала во мали перчиња.
Изведенки
извиткува несв.
извиткуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи