а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изведба

мн. изведби
Вид збор: Именка, женски род
1. Извршување, оформување на нешто, давање дефинитивна форма и содржина на нешто, реализација.
Англиски: implementation Албански: implementim, realizim
Примери:
Изведбата на проектот ја финансира владата.
Нацртот е добар, да видиме каква ќе биде изведбата.
2. Исполнување, изведување на уметничко (драмско, сценско) дело.
Англиски: performance Албански: performancë, interpretim
Употреба: Сцена
Примери:
Во изведбата учествуваше ансамблот на операта.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи