а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

избега

избегаат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Се оддалечи со трчање.
Англиски: run away Албански: ik
Примери:
Избега од бојното поле.
Прасето избегало од кочината.
2. Напушти некого, се дели од нешто.
Англиски: leave Албански: largon
Примери:
Стојанка избега од мажот.
Кучето му избега на овчарот.
Рибата му избега.
3. Напушти место.
Албански: ik
Примери:
Избега од жештините.
Избегал од затвор.
Учениците избегаа од првиот час.
Избега од дома.
Избега во Америка.
4. (Ми, ти, му... избега) Успее да побегне некому.
Англиски: escape Албански: arratis
Примери:
Му избега и се скри некаде.
5. За превозно средство - замине пред да стигне, не успее да стигне на време.
Англиски: miss Албански: humbas
Примери:
Му избега возот.
6. Направи да се омажи за некого без дозвола од родителите.
Албански: ik
Примери:
Тие ја избегале девојката за момче од нивното село.
Tој ја избега девојката.
7. Се омажи без дозвола од родителите.
Албански: ik
Примери:
Таа избега по Богдана / за Дамета.
8. (не избега) 3абележи, не испушти од вид.
Албански: nuk ik
Примери:
Тоа не му избега на неговото ловечко око.
Не му избега од око нејзината срамежливост.
Изрази
Му избега работата од раце - не може да ги контролира случувањата, настаните.
Лебот ќе избега од куќа (ако се јаде со нечисти раце) - ќе нема леб.
Изведенки
избегува несв.
избегуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи