а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

игра

мн. игри
Вид збор: Именка, женски род
1. Активност заради забава и разонода.
Англиски: play Албански: lojë
Употреба: Спорт
Примери:
Детска игра - криенка.
Тоа беше смешна игра - борење со рамена.
Децата се забораваат во игри.
Тоа не беше никаква игра, туку тепање.
2. Активност заснована на одредени правила или по некој систем.
Англиски: game Албански: lojë
Примери:
спортска игра
шаховска игра
игри со карти
3. Еден завршен дел од таква активност.
Англиски: game Албански: lojë
Примери:
Во третата игра, тој беше победник.
Наредната игра ја доби домаќинот.
Ја одигра својата игра велемајсторски.
4. Систем од движења што се изведуваат по одредени правила и во одреден ритам.
Англиски: dance Албански: vallëzim
Употреба: Музика и танц
Примери:
Момчето ја покани непознатата девојка на игра.
Двајцата уживаа во играта.
Луѓето празнуваа со игри и песни.
традиционални игри
5. Настап на сцена, изведба на театарска или друг вид улога.
Англиски: performance Албански: performancë
Примери:
актерска игра
Балетски игри на девојките.
6. Спортски натпревари или низа културни приредби што се одржуваат повремено, на определено време.
Англиски: competition Албански: garë
Употреба: Спорт
Примери:
олимписки игри
театарски игри
7. Брзо придвижување на нешто.
Англиски: vibration Албански: dridhje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Игра на облаците со сонцето.
Игра на сенките од врбите.
снежна игра
8. Тактика, замисла, план за остварување некаква цел со затскриени намери.
Англиски: game Албански: lojë
Примери:
политичка игра
проѕирна игра
подмолна игра
Изрази
Валкана/нечиста игра - нечесна работа.
Игра на мачка и глувче (глушец) - натпревар на нерамноправни противници, неинтересна борба.
Игра на зборови - вид стилска фигура, шеговит зборовен израз со ист или сличен гласовен состав што може да се разбере двосмислено.
Игра на среќа - учество во нешто што нуди можност за некаков успех (најчесто паричен износ), врз основа на веројатност, на среќа.
Игра на случајот/игра на судбината - непредвидлива случајност, неочекуван настан во животот.
Игра опасна игра - се занимава со работа што е поврзана со опасни последици.
Ја открива играта - ги открива намерите.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи