а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

игла

мн. игли
Вид збор: Именка, женски род
1. Тенка метална прачка со остар врв на едниот крај и со мало дупче на другиот за вденување конец.
Англиски: needle Албански: gjilpërë
Примери:
игла и конец
тенка игла
игла за шиење
врв од игла
2. Сличен предмет или предмет со таков дел од различен материјал (метален, дрвен, пластичен) и со различна намена.
Англиски: needle Албански: gjilpërë
Примери:
игла за плетење
грамофонска игла
игла за коса
игла за шприц
игла за вратоврска
украсна игла
3. Тенки издолжени листови со многу остри врвови (најчесто од зимзелено дрво).
Англиски: needle Албански: gjilpërë
Употреба: Ботаника
Примери:
иглите на борот
4. (обично во мн.) Боцки на телото на некои животни.
Англиски: prickle Албански: gjemb
Употреба: Биологија
Примери:
Ежот има боцки во вид на игли.
5. Остра болка, чувство на боцкање.
Англиски: sting Албански: therrje, thumbim
Употреба: Медицина , Преносно значење
Примери:
Игли ме бодеа по телото.
Изрази
Нема место игла да падне/нема каде игла да фрлиш - претесно е.
Седи како на игли - нестрплив е.
Од игла до конец - сѐ.
Изведенки
1. игле ср.
мн. иглиња
дем.
2. игличка ж.
мн. иглички
дем.
3. игличе ср.
мн. игличиња
дем.
4. иглиште ср.
мн. иглишта
аугм.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи