а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зрно

мн. зрна
Вид збор: Именка, среден род
1. Ситен плод или семка.
Англиски: grain, berry Албански: kokërr
Употреба: Ботаника
Примери:
зрно грашок
зрно жито
јадри зрна грозје
2. Мал, најчесто сосема ситен предмет со топчеста или овална форма.
Англиски: grain Албански: kokërr
Примери:
зрно песок
зрно шеќер
3. Муниција за огнено оружје, куршум.
Англиски: bullet Албански: plumb
Употреба: Воен термин
Примери:
Непријателските зрна ни летаа над главите.
4. Нешто многу мало, трошка, ронка.
Англиски: grain Албански: grimcë. kokërr
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во неговите зборови немаше ни зрно вистина.
Изрази
Зрно по зрно - погача - 1. До успех не се доаѓа одеднаш, туку постепено со многу работа. 2. Малите нешта заедно вредат многу.
Колку зрно просо - многу мало, ситно.
Од зрно помал - 1. Незабележлив. 2. Многу мирен, покорен.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи