а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зрачи

зрачат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Пушта зраци, пушта светлина или енергија од себе.
Англиски: beam Албански: lëshon reze
Примери:
Месечината зрачеше во ноќта.
Светилката зрачеше дополнителна топлина во собата.
2. Изложува на определен вид зраци заради лекување.
Англиски: irradiate Албански: ndriçon
Употреба: Медицина
Примери:
Ги зрачеше синусите со кварцна светлина.
3. Ослободува од себе нешто.
Англиски: beam Албански: lirohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Од лицето и зрачеше радост.
Од неа зрачи убавина.
Во очите му зрачеше гордост.
Изведенки
зрачење ср.
мн. зрачења
глаг. им.
Пример: електромагнетни зрачења
FlexiMac
 менување на македонски глаголи