а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зрак

мн. зраци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1288
1. Тесен сноп светлина кој доаѓа од некој извор што силно свети.
Англиски: ray Албански: rreze
Употреба: Физика
Примери:
сончев зрак
зрак светлина
месечев зрак
2. Насочен проток на определени честички или на енергија.
Англиски: beam Албански: rreze
Употреба: Физика
Примери:
вселенски зраци
зрак топлина
3. Нешто што се пројавува како зрак, во мала мера.
Англиски: ray Албански: rreze
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во собата немаше ниту зрак од живот.
зрак на надеж
4. Прави линии што поаѓаат од една точка во разни насоки.
Англиски: beam Албански: rreze
Изрази
Ултравиолетови зраци - невидливи зраци до крајниот, виолетов дел од сончевиот спектар.
Инфрацрвени зраци - невидливи топлински зраци до крајниот црвен дел од сончевиот спектар.
Икс-зраци - рендгенски зраци.
Му се зеде зракот од очите - го загуби видот, ослепе.
Изведенки
1. зраче ср.
мн. зрачиња
дем.
2. зракче ср.
мн. зракчиња
дем.
3. зрачец м.
(едн.)
дем.
4. зрачок м.
мн. зрачоци
дем.