а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

зошто

Вид збор: Прилог
1. Во прашање - поради што, заради што, од која причина.
Англиски: why
Примери:
Зошто не дојдовте?
Зошто не им кажа?
Зошто си го купил ова?
2. Во зависна прашална реченица.
Англиски: why
Примери:
Му кажавме зошто го баравте.
Не ме прашаа зошто сум задоцнил.
Изрази
Зошто да не - се согласувам, така нека биде.
Нема зошто - нема причина (за нешто што се бара, што се предлага).
Нема зошто - како одговор на заблагодарување.
Пошто - зошто - многу евтино, за која било цена.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи